Решавање проблеми со напојувањето/далечинскиот управувач
Доколку имате некои од долунаведените проблеми при користење на производот, ве молиме проверете го следново: Можно е да нема проблем кај производот.
Не можам да го вклучам телевизорот.
Проверете дали Светло при мирување на телевизорот свети црвено. Ако Светло при мирување е исклучено, проверете го приклучокот за струја на телевизорот, како што е прикажано подолу.
Доколку користите повеќекратен приклучок за напојување, проверете дали тој функционира правилно. За да проверите дали изворот за напојување работи исправно, вклучете го кабелот за напојување на телевизорот директно во ѕиден штекер и надгледувајте го неговото работење.
Обидете се да го вклучите телевизорот со помош на копчето кое се наоѓа на телевизорот.
Има напојување, но сликата на екранот доаѓа подоцна.
Ова се случува затоа што во тек е процес за отстранување на шумот за да го елиминира евентуалниот шум кој може да се јави при вклучување. Ова не значи дека производот е неисправен.
Покажувачот на Magic Remote не се појавува не екранот.
Држете го далечинскиот управувач кон телевизорот и долго држете го копчето GUIDE додека не се појават упатствата. Претходно регистрираниот далечински управувач ќе се дерегистрира и потоа повторно ќе се регистрира.
Заменете ги батериите кога тоа ќе биде побарано од вас на екранот на телевизорот. (Користете алкални батерии.)
Ако ПараметриПараметри Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Пристапност Звучни упатства е поставен на Вклучено, покажувачот на Magic Remote нема да се појави. Поставете ја опцијата Звучни упатства на Исклучено. (Одредени модели може да не се поддржани.)
Не можам да го вклучам телевизорот со далечинскиот управувач.
Проверете дали кабелот за напојување на телевизорот е правилно приклучен во приклучокот за напојување.
Заменете ги батериите во далечинскиот управувач. (Користете алкални батерии.)
Проверете дали има некоја пречка што го блокира сигналот пред ресиверот за далечинскиот управувач на телевизорот. Ако има некоја пречка, како на пример лента за звук пред ресиверот на долниот дел на телевизорот, може да создаде пречки при примањето сигнал кај далечинскиот управувач.
Кога користите далечински управувач со дигитален приемник, ако неговата вградена телевизиска функција е исклучена, тогаш нема да можете да го вклучувате или исклучувате телевизорот со помош на далечинскиот управувач со дигитален приемник. Контактирајте го вашиот добавувач на дигитален приемник.
Напојувањето се исклучува одеднаш.
Проверете дали е поставено Тајмер за исклучување на напојувањето.
Телевизорот ќе биде автоматски исклучен ако не притиснете на кое било од копчињата во рок од 4 часа дури и ако телевизорот бил вклучен во времето поставено со Потсетник или Тајмер за вклучување на напојувањето.
Постои и шанса дека се активирало внатрешното заштитно коло поради тоа што внатрешната температура на производот се покачила невообичаено или прекумерно.
Ако користите дигитален приемник, телевизорот може да го поставите да се исклучува кога ќе биде исклучен и дигиталниот приемник. За да спречите телевизорот да се исклучува кога ќе биде исклучен и дигиталниот приемник, исклучете ја функцијата за синхронизирање на вклучувањето на телевизорот на дигиталниот приемник.
Не можам да го вклучам или користам уредот со далечинскиот управувач за телевизорот дури и по поставување на универзалниот далечински управувач.
Гледајте приклучокот за струја на уредот да е приклучен во штекер.
Заменете ги батериите во далечинскиот управувач. (Користете алкални батерии.)
Проверете дали има пречки што го блокираат сигналот пред ресиверот за поврзаниот далечински управувач на уредот.