Поврзување со мрежата
Кога ги конфигурирате поставките за мрежата, можете да користите разни услуги како што се интернет содржините и апликациите.
Поставување на жична мрежа
-
Поврзете го LAN приклучокот на телевизорот и рутерот со помош на LAN кабел.
Рутерот треба претходно да е поврзан на интернет.Доколку рутерот поддржува DHCP, телевизорот автоматски се поврзува на мрежата кога го поврзувате телевизорот на мрежата со LAN кабел. -
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
-
Изберете
Општо Мрежа Жична врска (Етернет).
За да ги видите деталите, кликнете Параметри Мрежа Жична врска (Етернет) во ’ Водич за корисници.
Доколку мрежата не е автоматски поврзана
Поставување на безжична мрежа
- Вклучете го рутерот кој е поврзан на интернет.
-
Притиснете го копчето
на далечинскиот управувач.
-
Изберете
Општо Мрежа Wi-Fi поврзување.
- Кога пребарувањето на мрежи ќе заврши, ќе се прикаже листа на достапни мрежи за поврзување.
-
Изберете мрежа со која ќе се поврзете.
Доколку вашиот безжичен LAN рутер е заштитен со лозинка, внесете ја лозинката конфигурирана за рутерот.
За да ги видите деталите, кликнете Параметри Мрежа Wi-Fi поврзување во ’ Водич за корисници.
Предупредувања за мрежно поставување
Користете стандарден LAN кабел (поврзете се со Cat7 или повисоко со RJ45 приклучок, 10 Base-T или 100 Base TX LAN приклучок).
Ако го ресетирате рутерот, така може да предизвикате проблеми со мрежното поврзување.
Во овој случај, рутерот ќе работи нормално ако го исклучите и го отповрзете телевизорот и потоа повторно го поврзете и го вклучите рутерот.
Производителот не сноси одговорност за проблемите со мрежното поврзување или работењето предизвикани од проблеми со опремата или со отповрзани линии.
Мрежното поврзување може да не функционира правилно поради мрежните поставки или поради провајдерот на интернет услугата.
За DSL услугата мора да се користи DSL модем; за кабелската услуга мора да се користи кабелски модем. Бидејќи може да биде достапен само ограничен број на мрежни врски, можно е мрежното поставување на телевизорот да не може да се користи во зависност од вашиот договор со обезбедувачот на интернет услугата. (Ако договорот не дозволува повеќе од еден уред по линија, ќе може да се користи само веќе поврзаниот PC.)
На безжичната мрежа може да се јават пречки од други уреди кои користат фреквенција од 2,4 GHz (безжични телефони, Bluetooth уреди или микробранови печки). Иако пречките можат да настанат и при користење на фреквенција од 5 GHz, тоа е помалку веројатно.
Безжичното опкружување може да предизвика бавно функционирање на безжичната мрежа.
Ако употребите повеќе безжични уреди одеднаш, така може да се забави мрежата.
Уредот за пристапна точка мора да поддржува безжично поврзување и функцијата за безжично поврзување на уредот мора да биде активирана за AP поврзување (со пристапна точка). Контактирајте го провајдерот на услугата околу достапноста на безжичните поврзувања на пристапната точка.
Проверете ги безбедносните поставки и поставките на SSID на AP. Разгледајте ја соодветната документација за SSID идентификаторот и сигурносните поставки на AP.
Ако мрежата се промени кога се преместува телевизорот или се менува рутерот, мора повторно да ја поставите безжичната мрежа.
Постојните безжични мрежи нема да се зачуваат.
Невалидните поставки на мрежните уреди (споделувач на линија со кабел/безжичен, хаб) може да предизвикаат бавно или неправилно функционирање на телевизорот. Правилно инсталирајте ги уредите во согласност со соодветните прирачници и мрежата.
Методот на поврзување може да се разликува во зависност од производителот на AP.
За да решите одреден проблем кој е поврзан за оваа функција, погледнете во делот Отстранување на проблеми од Водич за корисници.