Гледање преку паметен уред поврзан со телевизорот
- Вклучете го режимот Screen Share на паметниот уред.
- Вашиот телевизор ќе биде прикажан на листата на достапни уреди.
- Изберете го вашиот телевизор и побарајте поврзување.
- Изберете Прифати во појавувачкиот прозорец со барање за поврзување.
- Откако ќе се воспостави поврзување, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот уред.
Кога за прв пат поврзувате Screen Share, ќе се појави скокачко мени и ќе можете да изберете Прифати, Одбиј или Блокирај.
- Прифати : Може да го поврзете уредот. Вториот пат нема да се појави скокачко мени.
- Одбиј : Не поврзувајте го уредот. Ако пробате повторно да се поврзете, ќе се појави скокачко мени.
-
Блокирај
:
Не поврзувајте го уредот.
Дури и да пробате повторно да се поврзете, скокачкото мени нема да се појави и поврзувањето ќе биде неуспешно.
За да исклучите Блокирај, одете во
Општо Уреди Надворешни уреди и изберете Избриши ја историјата на поврзување.
Препорачливо е да го ажурирате уредот кој е поврзан на вашиот телевизор на најновата верзија на OS за стабилно поврзување.
Во зависност од моделот или производителот на паметниот уред, функцијата Screen Share може да не е поддржана.
Се препорачува да го поврзете уредот со рутер од 5GHz затоа што вашето безжично опкружување може да влијае на перформансите.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
Има разлики помеѓу уредите. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Доколку врската постојано се прекинува, исклучете го телевизорот и уредот на кој сакате да се поврзете, а потоа повторно вклучете ги.