Гледање компјутерски екран на телевизорот
Поврзете се безжично (Windows 10)
  1. Кликнете на иконата за центарот на известувања на лентата за задачи на компјутерскиот екран и изберете го копчето за поврзување.
  2. Изберете го телевизорот што сакате да го поврзете и побарајте поврзување.
  3. Откако ќе се поврзе, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот компјутер.
Препорачливо е да го ажурирате уредот кој е поврзан на вашиот телевизор на најновата верзија на OS за стабилно поврзување.
Се препорачува да ја користите оваа функција на мала оддалеченост.
Започнете Screen Share побрзо со тоа што ќе го поврзете паметниот уред или компјутерот на иста мрежа со телевизорот.
Иако може да се поврзе без безжичен рутер, се препорачува да го поврзете вашиот уред на рутер од 5 GHz бидејќи опкружувањето може да влијае на безжичните перформанси.
Стапката на одзив може да се разликува во зависност од корисничкото опкружување.
Се разликува од верзијата на Windows. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред.
Доколку врската постојано се прекинува, исклучете го телевизорот и уредот на кој сакате да се поврзете, а потоа повторно вклучете ги.
Поврзување со кабел
  1. Поврзете го вашиот компјутер со телевизорот преку HDMI кабел.
  2. Префрлете го тековниот влез на изворот во ПОЧЕТОКПОЧЕТОК Домашна контролна табла во портата во којашто е поврзан HDMI кабелот.
  3. Откако ќе се поврзе, телевизорот ќе го прикаже екранот на поврзаниот компјутер.
Ако има проблем со поврзувањето, погледнете во делот Отстранување на проблеми Решавање проблеми со поврзувањето со компјутер во Водич за корисници.