Надградување на софтвер
ПараметриПараметри Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Поддршка Надградување на софтвер
Ажурирање на софтвер се користи за проверка и преземање на најновата верзија.
Автоматска надградба
Кога е поставено на Вклучено, надградбите автоматски се прават без одделна процедура за потврда, освен за одредени важни надградби.
Проверете дали има надградби
Кога проверувате за најнова верзија на ажурирање, можете да вршите ажурирање единствено ако е достапен фајл за ажурирање од понова верзија. Телевизорот автоматски ја проверува вашата верзија на софтверот но, доколку е тоа потребно, можете да извршите рачна проверка.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.
Најновата верзија може да се преземе преку дигитален сигнал на пренос или преку интернет врска.
Менувањето на каналот за време на преземањето на софтверот преку дигитален сигнал на пренос го прекинува процесот на преземање. Враќањето на иницијалниот канал ќе овозможи продолжување на преземањето.
Доколку софтверот не се ажурира, одредени функции може да не функционираат правилно.
Во одредени земји, Автоматска надградба не се прикажува доколку не сте поврзани на интернет.
Вашиот уред ќе мора повремено да презема и да инсталира ажурирања за софтверот со цел да одржи оптимална функционалност. Кога софтверот се ажурира, екранот на уредот може да се исклучи доколку нема никаква интеракција со корисникот во период од 4 часа, но уредот нема целосно да влезе во режимот на подготвеност сè додека инсталацијата не заврши. Ова може да доведе до зголемена потрошувачка на енергија при ажурирањето на софтверот.