Нега на OLED
ПараметриПараметри Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Нега на OLED
Овозможува разни премиум услуги за грижа за корисниците на OLED TV.
Самостојна нега на уред
Овозможува повеќе функции за оптимизација на состојбата на телевизорот.
Оптимизирач на меморија
Оптимизирајте го телевизорот со расчистување на неупотребените апликации или непотребната меморија.
Штедење енергија
Намалување на потрошувачката на енергија преку прилагодување на најголемата осветленост на екранот.
Чекор за штедење енергија
  • Исклучено : Го исклучува Чекор за штедење енергија.
  • Минимум / Средна / Максимум : Употребете ја функцијата за заштеда на енергија согласно Чекор за штедење енергија поставен на телевизорот.
Автоматско исклучување на електричната енергија
Кога телевизорот е вклучен, се исклучува автоматски ако не притиснете на некое копче во рок од поставениот временски период.
Одредени модели може да не се поддржани.
Екранот е исклучен
Екранот се исклучува и се емитува само звук.
За повторно вклучување на екранот, притиснете на кое било копче освен на копчето за напојување и на копчињата за јачина на звук.
Одредени модели може да не се поддржани.
Доколку ја користите функцијата Чекор за штедење енергија, таа ќе влијае на осветленоста на вашиот телевизор.
Нега на OLED панелот
Со Нега на OLED панелот, можете да ги отстраните проблемите со квалитетот на сликата како што е врежувањето на сликата кога екранот бил вклучен подолг временски период.
Чистење пиксели
Се врши калибрирање на проблемите кои може да се појават на екранот кога телевизорот бил вклучен подолго време.
Калибрацијата може да потрае повеќе од еден час.
Не исклучувајте го кабелот од струја додека е тоа во тек.
Доколку го вклучите телевизорот, функцијата Чистење пиксели ќе престане со работење.
Поместување на екранот
Ова го поместува екранот на редовни интервали за да спречи врежување на сликата на панелот за приказ.
Приспособување на осветленост на лого
Прилагодете ја осветленоста на статичките слики, како што се лого-ознаките во рамките на содржините, за да ги коригирате потенцијалните проблеми со квалитетот на сликата.