Поставување на жична мрежа
ПараметриПараметри Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Мрежа Жична врска (Етернет)
Ако рутерот поврзан со мрежата ја поддржува функцијата DHCP, со поврзување на телевизорот и рутерот преку жица се прави автоматско поврзување со мрежата. Ако не поддржува автоматско поставување, можете да ја изберете опцијата Уреди за рачно да го поставите мрежното поврзување.
Поставување на безжична мрежа
ПараметриПараметри Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Мрежа Wi-Fi поврзување
Доколку сте го поставиле телевизорот за безжична мрежа, можете да проверите и да се поврзете на достапните безжични интернет мрежи. Изберете го безжичниот рутер за да се поврзете.
За подетални поставки, изберете Други поставки за мрежата.
Додајте скриена безжична мрежа
Ако директно го внесете името на мрежата, можете да додадете безжична мрежа.
Поврзи преку WPS PBC
Ако безжичниот рутер што сакате да го поврзете има функција за заштитено поставување Wi-Fi-конфигурирање со притискање копче (WPS-PBC), тогаш можете лесно да го поврзете безжичниот рутер со притискање на копчето за WPS-PBC на рутерот. Притиснете го копчето на безжичниот рутер за WPS-PBC и потоа притиснете го копчето [Поврзување] на телевизорот.
Поврзи преку WPS PIN
На тој начин тој се поврзува со пристапна точка со помош на личен идентификациски број за заштитено поставување Wi-Fi (WPS-PIN). Изберете пристапна точка (AP) со којашто сакате да се поврзете. Внесете го прикажаниот PIN на Wi-Fi уредот на пристапната точка.
Напредни Wi-Fi параметри
Штом се поврзете со безжична мрежа, можете да ги видите информациите за поврзувањето, како што се деталните информации за IP адреса. Освен тоа, можете да ја смените IP адресата и DNS серверската адреса со којашто сакате да се поврзете со притискање на копчето Уреди.
За повеќе информации за тоа како да се поврзете на мрежата, видете во Започнување со webOS TV Поврзување со мрежата во Водич за корисници.