Управување со надворешни поврзани уреди
Општо
Уреди
Надворешни уреди
Можете да поставите дали ќе користите паметен уред којшто ќе биде поврзан со телевизорот со цел да управувате со телевизорот или со историјата на поврзувања.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.
- Поврзување контролер со Bluetooth
-
Можете да поврзете и користите уреди со вашиот телевизор, како тастатура со Bluetooth, глувче или контролер за игри.
Вклучете го уредот, поставете го во режим за впарување, а потоа кликнете Поврзи на ТВ екранот. Ако сте поврзале некој уред пред да го вклучите, тој автоматски се поврзува со вашиот телевизор. За да ја прекинете постоечката врска, кликнете Исклучи.Се препорачува користење на производи чија компатибилност е тестирана со телевизорите.
Глувче со Bluetooth : Logitech M535, Logitech MX Master 2S, Apple Magic Mouse2
Тастатура со Bluetooth : Logitech K480, Arteck HB030B, Arteck HB192, Apple Magic Keyboard
Контролер за игри со Bluetooth : Sony DualShock 4, Microsoft Xbox One S контролер, Microsoft Xbox Series X контролер, NVIDIA SHIELD контролерОваа функција е достапна само за модели со Bluetooth.Ако поврзете повеќе Bluetooth уреди, тоа може да резултира со слаба врска или слаба работа.Ако Bluetooth уредот е предалеку од телевизорот, или ако има други препреки меѓу нив, може да не работи нормално.Во зависност од периферните уреди (безжичен рутер, микробранова печка итн.), може да се појават проблеми при комуникацијата на уредите.Ако уредот што сте го избрале од Регистрирани уреди не се поврзе повторно, тогаш направете Исклучи и повторно поврзете го уредот.Има разлики помеѓу уредите. За повеќе информации околу уредот на кој сакате да се поврзете, погледнете во упатството на соодветниот уред. - Камера
-
Можете да поставите дозволи за пристап до камерата за секоја апликација.
- Поставки за универзална контрола
-
Ако поставите универзален далечински управувач, со Magic Remote ќе можете да ги контролирате периферните уреди поврзани со телевизорот, наместо со оригиналните управувачи.
За повеќе информации, погледнете во Како да ракувате со телевизорот Употреба на универзален далечински управувач во Водич за корисници. - Вклучи телевизор со мобилен
-
Ако Вклучи преку Wi-Fi/Вклучи преку Wi-Fi (вмрежен режим на мирување) или Вклучи преку Bluetooth/Вклучи преку Bluetooth (вмрежен режим на мирување) е поставено на Вклучено, можете да го вклучите телевизорот со помош на апликација којашто поддржува Вклучи телевизор со мобилен.
Телевизорот треба да е поврзан на мрежа.Телевизорот и уредот кој се користи треба да бидат поврзани на иста мрежа.Функцијата Вклучи преку Wi-Fi/Вклучи преку Wi-Fi (вмрежен режим на мирување) мора да се користи во апликација на паметен уред кој ја поддржува функцијата.Вклучи преку Bluetooth/Вклучи преку Bluetooth (вмрежен режим на мирување) е достапно само на паметни телефони.Телевизорот мора да е вклучен.При првото поврзување, проверете дали уредот кој ќе се користи е подготвен за поврзување.Одредени модели може да не се поддржани.
- Избриши ја историјата на поврзување
- Можете да ја бришете историјата на поврзани уреди со телевизорот во безжичната мрежа.