За да користите Телетекст
Телетекст е бесплатна услуга обезбедена од страна на ТВ станицата, која нуди текстуални информации за ТВ програми, новости и време.
Телетекст декодерот на овој телевизор поддржува системи за ЕДНОСТАВЕН ТЕЛЕТЕКСТ, ТЕЛЕТЕКСТ НА ВРВОТ ОД ЕКРАНОТ и БРЗ ТЕЛЕТЕКСТ.
  1. Притиснете го копчето Повеќе дејстваПовеќе дејства на далечинскиот управувач.
  2. Изберете Телетекст.
  3. Се појавува прозорецот Teletext.
  4. За да гледате ТВ-емисии и ТЕЛЕТЕКСТ истовремено, притиснете го копчето Повеќе дејстваПовеќе дејства на далечинскиот управувач и изберете Телетекст.
Копче во боја
Избирање на претходната или на следната страница.
Копче со број
Внесување број на страница која треба да се отвори.
Копче КаналиКанали (Канали) НагореНагоре/НадолуНадолу
Избирање на претходната или на следната страница.
Одредени модели може да не се поддржани.
Специјални функции на телетекст
  1. Притиснете го копчето Повеќе дејстваПовеќе дејства на далечинскиот управувач.
  2. Изберете Опција за телетекст.
  3. Изберете го менито Телетекст.
Икона за индексИкона за индекс Индекс
Изберете ја секоја индексна страница.
Икона за времеИкона за време Време
При гледање телевизиска програма, изберете го ова мени за да се прикаже времето во горниот десен агол од екранот. Во режимот на работа на телетекст, притиснете на ова копче за да изберете број на подпрограма. Бројот на подпрограма се покажува најдолу на екранот. За да задржите или да промените подпрограма, притиснете на ЦрвеноЦрвено/ЗеленоЗелено, ЛевоЛево/ДесноДесно копче, или пак на копчињата со бројки.
Икона за држењеИкона за држење Почекај
Спречува автоматска промена на страницата која се случува доколку телетекст страницата се состои од 2 или повеќе подстраници. Бројот на подстраниците и прикажаната подстраница најчесто се прикажуваат на екранот под времето. Кога е избрано ова мени, симболот стоп е прикажан во горниот лев агол од екранот и автоматската промена на страницата не е активна.
Икона за откривањеИкона за откривање Откриј
Изберете го ова мени за да се прикажат скриените информации, како што се решенија на загатки или проблеми.
Икона за ажурирањеИкона за ажурирање Ажурирај
Ја прикажува ТВ сликата на екранот додека се чека нова страница со телетекст. Приказот ќе се појави на горниот лев агол од екранот. Кога ажурираната страница е достапна, екранот ќе се промени на бројот на страницата. Повторно изберете го ова мени за да ја прегледате ажурираната телетекст страница.
Јазик
Поставување јазик на телетекст.
Само во дигитален режим
За да поставите јазик на телетекст
Користете ја функцијата Јазик на телетекст кога се емитуваат два или повеќе јазици на телетекст.
  1. Притиснете го копчето ПараметриПараметри на далечинскиот управувач.
  2. Изберете Икона за сите поставкиИкона за сите поставки Општо Систем Јазик (Language) Примарен јазик за телетекст/Секундарен јазик за телетекст.
Само во дигитален режим
Ако податоците од телетекстот не се емитуваат на избраниот јазик, ќе се прикаже зададениот јазик.
Ако изберете погрешна локална држава, телетекстот може да не се појавува правилно на екранот и може да се појават некои проблеми при функционирањето на телетекстот.