Управување со снимките
Можете да гледате и да репродуцирате снимања зачувани на мемориски уреди со користење на апликацијата Снимки.
  1. Активирајте ја функцијата Live TV со притиснување на ПОЧЕТОКПОЧЕТОК.
  2. Притиснете го копчето Повеќе дејстваПовеќе дејства на далечинскиот управувач и изберете Снимки.

Листа на снимањаЛиста на снимања

  1. Активирајте ја опцијата Пребарувај.
  2. Можете да примените поставки, како за мемориски уреди или опции за подредување, за списокот на содржина.
  3. Ја затвора апликацијата.
Можете да репродуцирате снимања направени на моменталниот телевизор во Снимки.
Кога пуштате HFR (High Frame Rate) снимка, движењата на екранот може да се разликуваат од тие во оригиналното видео.
Одредени модели може да не се поддржани.
Репродукција на снимања
Можете да пристапите и да управувате со основните функции како што се репродукција и пауза на екранот за репродукција.
  1. Изберете го саканото снимање од апликацијата Снимки.
  2. Ако притиснете на копчињата ЛевоЛево/ДесноДесно на далечинскиот управувач, можете да прескокнувате 10 секунди наназад/нанапред.
    Можете да ја контролирате репродукцијата на саканото снимање со притиснување на копчето Тркалце (OK) при репродукцијата.
    Можете да добиете пристап до повеќе функции ако притиснете на копчето НадолуНадолу на далечинскиот управувач додека ја користите контролата за пуштање содржина.

Плеер на снимени програмиПлеер на снимени програми

  1. Се прикажува претходната снимка.
  2. Се пушта или паузира снимката.
  3. Се прикажува следната снимка.
  4. Вклучете или исклучете го преводот.
  5. Можете да поставите континуирана репродукција.
  6. Брзо се премотува видеото наназад со поголема брзина.
  7. Брзо се премотува видеото нанапред со поголема брзина.
  8. Можете да поставувате функции, како што се тие за продолжување на прикажувањето и јазикот на аудио којшто може да се користи.
  9. Прикажан е список на снимки долу.
Елементите кои може да се конфигурираат се разликуваат во зависност од моделот.