Користење на Live Playback (репродукција во реално време)
Тоа е функција која можете да ја користите за привремено зачувување на тековно гледаната програма на USB HDD уред, за да можете да репродуцирате одредена сцена која сте ја пропуштиле за време на гледањето телевизија. Оваа функција ви овозможува да продолжите со гледањето од местото каде што сте запреле доколку накратко сте морале да прекинете.
  1. Поврзете го USB HDD уредот на USB приклучокот.
  2. Притиснете го копчето Повеќе дејстваПовеќе дејства на далечинскиот управувач и изберете Live Playback.
  3. Се појавува екранот за потврда на поставката Live Playback.
    Комплетирајте ги поставките и притиснете на копчето ОК.
    Ако е поврзан само еден USB податочен уред, екранот за поставки може да не се појави и може да не работи Live Playback.
  4. Додека гледате емитување во живо, со покажувачот изберете ја саканата точка на лентата за напредување. Исто така, можете да ги притиснете копчињата ЛевоЛево/ДесноДесно на вашиот далечински управувач за да ја користите оваа функција.
    На лентата за напредување изберете претходна точка која се разликува од тековната точка.

Live Playback (Репродукција во живо)Live Playback (Репродукција во живо)

Функцијата Live Playback може да се користи само за емитувани канали коишто ги гледате преку антена. Сепак, оваа опција не можете да ја користите додека слушате радио канал.
Изберете уред кој ќе го користите со Репродукција во живо кога два или повеќе USB HDD уреди ќе се поврзат на телевизорот.
Не можете да користите USB уред. Поврзете USB HDD со простор за складирање од 80 GB или повеќе.
Ако нема доволно слободен простор на USB HDD уредот, Репродукција во живо може да не работи правилно. За да ја користите функцијата Репродукција во живо, потребен ви е USB HDD уред со најмалку 2.3 GB слободен простор.
Со функцијата Репродукција во живо, можете да враќате програма до два часа во зависност од преостанатиот капацитет на USB HDD. Ова време може да се разликува во зависност од регионот.
Зачуваните видео снимки во режимот Репродукција во живо се бришат ако го исклучите телевизорот без да ги снимите.
Ако менувате канали за време на Live Playback, ќе се избришат податоците од претходниот канал.
Одредени модели може да не се поддржани.