Користење на безжично/со кабел USB глувче
Поврзете го глувчето на USB приклучокот. Користете го глувчето за придвижување на покажувачот на TV екранот и избирање на саканото мени.
Десното копче и специјалните копчиња на глувчето нема да функционираат.
Кога користите безжично USB-глувче, врската може да се прекине или забави зависно од растојанието меѓу телевизорот и глувчето и безжичната средина.
Користење на безжична/со кабел USB тастатура
Поврзете ја тастатурата на USB приклучокот. Можете да внесувате текст со поврзаната тастатура.
На некои екрани не е можно внесување на текст.
Се препорачува користење на производи чија компатибилност е тестирана со телевизорите.
Logitech K360, Logitech K400, Logitech K750
Јазикот на внес можете да го промените преку притиснување на копчето за промена на јазик или десното Alt копче, или пак со истовремено притиснување на копчињата Ctrl и Space.
Кога користите безжична USB-тастатура, врската може да се прекине или забави зависно од растојанието меѓу телевизорот и тастатурата и безжичната средина.
За да внесете текст во полето за текст, користете ја тастатурата на вашиот ТВ екран или USB тастатура.
Користење на џојпад
Поврзете го вашиот џојпад на USB приклучокот на телевизорот доколку за играта е потребен џојпад.
Се препорачува користење на производи чија компатибилност е тестирана со телевизорите.
Sony DualShock 4, Sony DualShock 3, Microsoft Xbox 360 контролер, NVIDIA SHIELD контролер, Logitech F310, Logitech F710
Поврзување на Bluetooth влезни уреди
Можете да поврзете и користите уреди со вашиот телевизор, како тастатура со Bluetooth, глувче или контролер за игри.
За да ги видите деталите, кликнете Параметри Уреди Надворешни уреди Поврзување контролер со Bluetooth во ’ Водич за корисници.