Автоматско поставување на универзалниот далечински управувач
Кога го поставувате универзалниот далечински управувч, можете да ги контролирате периферните уреди (Blu-ray/DVD плеер, домашно кино, дигитален приемник итн.) со Magic Remote, наместо да употребите специјално наменети управувачи.
Поврзете ги уредите да бидат поставени на HDMI IN од телевизорот и вклучете го напојувањето на уредот.
Телевизорот ќе го препознае поврзаниот уред за автоматски да го постави универзалниот далечински управувач без рачно поставување.
Телевизорот ќе го препознае поврзаниот уред за автоматски да го постави универзалниот далечински управувач без рачно поставување.
Откако ќе го поставите универзалниот далечински управувач, можеби ќе има потреба од правење на дополнителни кориснички подесувања.
Може да се потребни неколку секунди за да се комплетираат подесувањата за универзалниот далечински управувач.
Кај некои модели може да се постави универзалниот далечински управувач само откако ќе се конвертира во влезот на поврзаниот уред.
Во зависност од поврзаниот уред, функцијата за автоматско поставување за универзалниот далечински управувач (автоматско поврзување уред) може да не е поддржана.
Рачно поставување на универзалниот далечински управувач
Ако универзалниот далечински управувач не е поставен автоматски, можете да го поврзете рачно.
-
Изберете
Општо Уреди Надворешни уреди Поставки за универзална контрола.
- Изберете го типот уред што сакате да го поставите.
-
Завршете ги подесувањата за универзалниот далечински управувач согласно водичот на екранот.
Можете да ги измените или откажете подесувањата за универзален далечински управувач.
Оваа функција може да се користи само со Magic Remote.
Доколку не ви е испорачан Magic Remote, можете да го купите одделно.
Одредени модели може да не се поддржани.
Кога ги менувате поставките на уредот, прво проверете дали е вклучен.
За да поставите универзален далечински управувач со најпоследните информации, поврзете се со мрежата и прифатете ги Кориснички договори.
Функцијата за рачно поставување за универзалниот далечински управувач не е поддржана за играчка конзола.
Одредени копчиња може да не функционираат во зависност од моделот на надворешниот уред.
За да го контролирате уредот што посакувате да го контролирате, насочете го Magic Remote кон уредот.
Погрижете се да нема препреки во насока на уредот за да бидете сигурни дека сигналот е добро примен.