Дознајте повеќе за Magic Remote
Можете лесно и едноставно да ги изберете саканите функции со поместување и кликнување на покажувачот на ТВ екранот, исто како што користите глувче на компјутерски екран.
Доколку не ви е испорачан Magic Remote, можете да го купите одделно.
Впарување на Magic Remote
Мора да го впарите Magic Remote со webOS TV за да го користите.
Пред употреба, впарете го Magic Remote на следниот начин:
  1. Вклучете го телевизорот. По околу 20 секунди, насочете го далечинскиот управувач кон телевизорот и потоа притиснете Тркалце (OK).
  2. Далечинскиот управувач автоматски ќе се регистрира, и на ТВ екранот автоматски ќе се прикаже порака за завршување на впарувањето.
Ако не успеете да го регистрирате Magic Remote, исклучете го телевизорот и обидете се повторно.
Пререгистрирање на Magic Remote
Ако покажувачот на Magic Remote не се прикажува на телевизорот, морате да го пререгистрирате.
  1. Држете го далечинскиот управувач кон телевизорот и долго држете го копчето GUIDE додека не се појават упатствата.
  2. Претходно регистрираниот далечински управувач ќе се дерегистрира и потоа повторно ќе се регистрира.